Ц.Ф.М.А
Апликативниот софтвер CFMA претставува интегриран систем за
водење на материјално и финансово работење на комплексна фирма, во
кој во една целина е опфатено книговодственото и комерцијалното
работење. CFMA е имплемениран во стотици фирми со дејност трговија на
големо и мало, дистрибуција и производство. Програмот е изработен во
Microsoft Visual .Net, a базата e Microsoft SQL Server.
Основи матични податоци
-
Артикли
- Поделба по групи, подгрупи, локација во магацин, брендови, главен добавувач и уште
неколку критериуми
- Дефинирање на продажните и набавните цени
- Дефинирање на комерцијални, транспортни пакувања
- Дефинирање на бар-кодовите
-
Коминтенти
- Поделба по видови продажни објекти, градови, региони, комерцијалисти и уште неколу
критериуми
Објекти за еден коминтент т.е места на испорака за фирмите кои имаат повеќе објекти
Комерцијалисти
Составници за артикли
Организациони единици
Типови документи и типови нарачки за работа
Контен план
Дефинирање на корисници на CFMA
- Сите корисници на системот ќе бидат регистрирани со своја лозинка
- Секој корисник припаѓа на група на корисници (нпр. комерцијалисти, фактуристи книговодство,
менаџери, директор итн.)
- За секоја група на корисници е дефинирано дали може да ја работи некоја операција
во системот (нпр. дали може да изработува фактури, нарачки, да внесува уплата, да
гледa залиха итн.)
- Секој корисник може да си ја смени лозинката во било кој момент
- Главниот оператор на системот ќе може да ги доделува/одзема привилегиите на другите
корисници во системот
Изработка на документи
- Изработка на девизни и денарски калкулации - прием во магацин
- Задолженија за дистрибутери
- Изработка на фактури и повратници
- Изработка на профактури
- Внес на нарачки од купувачи
- Изработка на нарачки за добавувачи
- Евиденција на уплати
- Евиденција на трошковни фактури од добавувачи
- Промена на цена
- Изработка на пописи, со можност за вадење на кусок/вишок, трајно евидентирање на
пописните резултати и опционо израмнување на книговодствената залиха.
- Отворање на работни налози, внес на потрошок и прием по работни налози
- Внес на магацински документи по лотови за потребите на следливост и
спроведување на HACCP стандардот
- Можност за добивање на нарачки и документи од мобилен уред
- Внес на записници за преработка
- Внес на документи за благајна
- Внес на налози во главна книга
Општи карактеристики на извештаите
- Извештаите може да се добијат на печатар, на екран во вид
на print-preview, на екран во форма на табела,во Excel, Word ili PDF формат
- Некои од извештаите содржат и дијаграмски преглед на
податоците. На барање на корисникот, може да се додаде
дијаграм на било кој од постоечките извештаи. Времето и ценaта
на изведба на таквите додатни барања ќе се договорат ad-hoc.
- Во секој извештај има можност да се селектираат (филтрираат)
податоците по разни критериуми. На пр. залиха или
промет само на артиклите кои припаѓаат на зададен бренд, или
преглед на долгови на купувачи од зададен регион итн.
- Еден ист извештај често може да се добие во повеќе форми
(со различни колони). Кај некои извештаи може по слободен
избор да се изберат колоните кои треба да се прикажат
- Може да се избира подредување на извештајот (нпр. залиха
подредена по азбучен редослед или по шифра итн.)
- Во рамките на извештаите може да се врши пребарување по
било кој текст
Книговодствени извештаи
- Тековна залиха по магацини и продавници, по набавни,
продажни или плански цени, со или без ДДВ
- Залиха на даден датум, по набавни, продажни или плански цени
- Промет на артикли во зададен период, по набавни или
продажни цени, со или без ДДВ
- Картичка на артикл, со повеќе варијанти (набавни/продажни/плански
цени, со приказ на купувачот/добавувачот, со или без ДДВ итн.)
- Рекапитулации на направени документи по видови и
организациони единици, со сите потребни податоци за нивно
книжење во главна книга
- Промет по тарифи за даден период
- Преглед на записници за извшени промени на цени во период
- Спецификација на коминтенти (долгови/побарувања), опционо
по конта, денарски и девизни
- Можност за паралелни спецификации на купувачи и добавувачи
(едно под друго прикажани салдата на ист коминтент како
купувач и добавувач, погодно за правење на компензации)
- Картичи на купувачи/добавувачи или заедно, опционо по конта, денарски
и девизни
- Паралелни картички на купувачи/добавувачи
- Влезна и излезна книга на ДДВ
- Бруто биланс, картици на аналитички и синтетички конта
Комерцијални извештаи
- Топ листи на продажба на артикли (со многу подопции за
филтрирање на потребните артикли)
- Топ листа на набавка по артикли
- Топ листа на продажба по купувачи
- Топ листа на набавка по добавувачи
- Преглед на одјава за даден добавувач
- Преглед на нула-продажба за артикл за период
- Преглед на продажба по вкрстени критериуми на артикли и купувачи
- Преглед на наплата во период
- Спецификација на отворени ставки по коминтенти
- Спецификација на ненаплатени фактури по скала на датуми.
Скалата на датуми може произволно да се зададе од коринсикот
Други можности
- Можност за пристап кон централната база на податоци преку
интернет согласно со привилегиите на корисникот
- Можност за печатење на различни етикети за производите и декларации
- Поддржани се фискалните печатари од Accent и Дуна
Компјутери, за други фискални печатари само по договор
- Печатење на сите обрасци за плаќање преку банка (ПП-10,
Пп-30, ПП-40, ПП-50), дознаки за плаќање во странство
- Алатки за администрација на база преку програм