Архива

Е Архива


Пронајдете ги Вашите документи само со еден клик. Архивирајте, споделувајте и управувајте со сите Ваши деловни документи во само една електронска архива. Апликативниот  софтвер за Архива овозможува да ги споделите документите помеѓу различните оддели и локации во Вашата компанија. Заштедете време и пари со електронско архивирање.

Е-архивата ги намалува трошоците за одржување и администрација на Вашата компанија, а истовремено се зголемува функционалноста на компанијата.


Апликативниот софтвер за Архива овозможува електронско архивирање на сите влезни, излезни и интерни документи, како и класификација на архивските документи по законски дефинирани подвидови. 


Евидентирањето на документите се врши по:


архивски број;

датум на документ;

датум на архивирање;

организациона единица;

коминтент


Исто така постои можност за зачувување на електронска копија на документот во најразлични формати.


Во денешно време, електронското архивирање е неизбежно и мора добро да се управува. Внесот на видовите документи може да биде по оддели како: организација и развој, управување и раководење, општи и правни работи, работни односи, матријално и финансиско работење и сл. Во софтверот за Архива може да се внесе состојбата на документите при самото скенирање на документот како и архивирање на документите по организациони единици.


За секој влезен или излезен документ постои можност за дефинирање на број во самиот Деловодник на компанијата. Излезните и влезните фактури– автоматски одат во Деловодникот, со самата изработка на документите и на нив се печати печатот со Архивско бројче.


Постои и можност за целосна синхронизација на софтверот за Архива со главна книга.


Извештаи кои можат да се изгенерираат:

деловодник;

книга по подвидови документи;

книга по видови документи


Поседувањето на овој апликативен софтвер помага при дигитализацијата и електронското архивирање на документите. Токму тоа е еден од главните двигатели на трансформацијата бидејќи анализата на информации Ви овозможува да искористите подобро донесување одлуки, што е од клучно значење за секоја компанија без разлика на нејзината големина, вид и сложеност. Секој проект за управување со документи, без разлика дали станува збор за јавна или приватна архива, треба да ја вклучи дигитализацијата како суштински инструмент за да се постигне ефективен и безбеден електронски систем за управување со датотеки. 


Дигитализацијата и електронското архивирање, помага подобро да управувате со личните информации и записите во дигиталните складишта ефективно и безбедно. Станува збор за тоа како се управуваат информациите и како можете да ги искористите на ефикасен начин, како би имале корист  во Вашата организација. Информациите, без разлика како првично се произведуваат или собираат, стануваат сè повредно богатство за организациите денес, додека истовремено барањата за архивирање информации стануваат посложени.


Пронаоѓањето ефикасен пристап за архивирање на информации низ сите материјални аспекти од неговиот животен циклус - од неговото создавање до дефинираното уништување - е предизвик. Во исто време, неопходно е да се воспостави таков ефикасен пристап, при што придобивките од намалувањето на трошоците и организациските перформанси се најважни.

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт