BI (Business Intelligence)


BI (Business Intelligence) е најмоќната менаџерска алатка за анализа на деловните податоци. Идеална за менаџерите на средно, но и високо ниво, оваа алатка овозможува формирање на најразлични извештаи и анализа на податоците кои потоа го овозможуваат процесот на носење на програмирани и непрограмирани одлуки, но се идеална подлога за носење на нови стратегии.

Во време на зголемена глобализација и во време кога конкуренцијата станува се поголема, користењето на една ваква алатка претставува вистинска конкурентска предност поради фактот што податоците се на еден клик. 

Како алатка, но и поширок концепт, BI овозможува анализи и извештаи, го подобрува квалитетот на податоците со кои располага претпријатието бидејќи сега тие се структуирани и сторирани податоци, овозможува полесна споредба со претходни периоди, го подобрува прилагодувањето на новите пазарни случувања поради тоа што со брзиот пристап на корисни податоци се овозможува носење на брзи одлуки и стратегии. Благодарение на овие предности, кои се само дел во низата, претпријатието значително ги редуцира трошоците кои би се појавиле поради носење на одлуки засновани на неточни и погрешни податоци.

Со алатките за екстрахирање, трансформација и копирање (ЕТL) на изворните податоци од трансакционите бази во „Data Warehouse” (во т.н. OLAP бази), во основната верзија на BI решението ги обезбедуваме следните димензиони табели: 


Артикли , со сите атрибути ( подгрупа/група, бренд, дивизија, продукт менаџер, сите поделби, принципиелен добавувач, тарифа, баркод, поважните неструктурирани матични податоци ). По договор во димензионата табела може да се додаде било кој атрибут на податокот од трансакционата база, во случајов од табелата на артикли. 


Коминтенти, со сите атрибути ( тип на коминтент, регион, град, сите поделби, поважните неструктурирани матични податоци, дали е добавувач ). Тука се влезени и продажните места (објекти, маркети во кои се испорачува, на пример кај ланците маркети).


Во основната верзија се формирани и следните табели со податоци кои се полнат со ЕТL алатките ( извештаи кои ги добивате ):


Продажба со тековна залиха

Продажба и споредба на продажба по години

Извештај за нула продажба

Коминтенти без извршена продажба

Извештај за анализа на продадено - вратено

Извештај со колони за промет, расход според вратената роба, расход според одобренија, процент на расход

Продадено - вратено

Извештај како картица на артикл со можност за филтрирање по типови документи

Извештај за cash&carry ( Групирања по месеци и орг. Единици и група на патници )

Извештај за продажба од Микро продажба ( Ова се посебни орг. Единици )

Извештај за продажба по орг.единици со ORC ( со вклучени одобренија )

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт