CFMA - нашиот најголем, најпознат и најбаран програм


ЦФМА е софтверско решение за сите оние кои сакаат да имаат евиденција како материјално така и финансово за својот бизнис. Бизнис аналитиката којашто ви ја нуди ова софтверско решение е централизирана и така организирана како би ви овозможила донесување точни деловни одлуки.


Со самата поставеност на софтверот вашето работење е сеопфатно и детално. Истовремено имате целосна контрола на целокупниот процес преку поставување на привилегии. Привилегиите се групирани по организациони единици на самата компанија, по одделот во којшто припаѓа самиот вработен, по системи на цени, продажни или набавни. Системот е така организиран како би овозможил секој нов вработен многу лесно да се додаде во соодветна одредена група.

Софтверското решение  се мониторира целосно од ваша страна и сите податоци може да ги внесувате лично вие. Тоа овозможува независност и самостојност во работењето.


 Дел од матичните податоци кои можат да се дефинираат во системот се следните:

Дефинирање на артикли со шифри на артикли

Дефинирање на коминтенти (нумеричка шифра со 6 места)

Дефинирање на типови документи со кои се работи (влезни, излезни, преносници)

Дефинирање на типови налози со кои се работи

Дефинирање на поделби на артикли (групи, подгрупи на производи, брендови и уште 7 други поделби)

Дефинирање на  поделби на коминтенти (типови на купувачи, канали на продажба, видови продажни објекти, реони, градови и уште 7 други поделби)

Дефиниција на контен план

Дефиниција на организациони единици 

Дефиниција на комерцијалисти

Дефинирање на валути

 

 

Магацинско работење

Прием на производите со внес на артикли, количини

 Изработка на различни излезни документи – фактури, испратници, готовински сметки 

Можност за изработка на магацински документи со превземање на дефинирани нарачки за купувачи и добавувачи

 Количинска картичка на артикл со приказ на добавувач од каде е примен артиклот и купувачи каде е издаден производот.

Залиха на артикли во секој магацин одделно или збирно за магацини. Залихата може да се добие за било кој претходен датум 

Количински внес на пописи, можност за изработка на попис со состојба по било кој датум

Аналитика на магацински документи со различни филтри и групирања

Печатење на магацински документи

Работа во безцарински магацин

 

 

Материјално работење

Евидентирање на нарачки од купувачи и за добавувачи

Дефинирање на договори за испорака и контрола за испорака според договори

Превземање на магацински документи и дополна со цени, рабати и други финансиски податоци

Изработка на девизни и домашни приеми

Изработка на денарски и девизни фактури за купувачи

Изработка на меѓумагацински документи и други интерни документи

Преглед на залиха

Преглед на картички на артикли по просечни набавни или по продажни цени 

Аналитика на материјални документи, преглед на промет по артикли

Комплетен систем за внес, обработка и книжење на пописи во магацинот


 

Комерцијално работење

Разновидни комерцијални извештаи за големопродажбата, со приказ на продажба и залихи, групирани и сортирани по различни критериуми.

Комерцијални извештаи: топ листа на продажба по артикли, топ листа на продажба по купувачи, вкрстени прегледи за продажба по артикли и купувачи и сите нивни поделби. 

Дефинирање на различни ценовници за различни купувачи

 

 

Евиденција на купувачи / добавувачи

Податоците се добиваат од книжените налози во главната книга, и од автоматски контираните податоци за фактурите од добавувачи и фактурите за купувачи од материјалното работење.

Картички на коминтенти – денарски и девизни

Извод на отворени ставки

Спецификација на коминтенти (купувачи, добавувачи)

Преглед на ненаплатени побарувања по купувачи (сортирани по коминтент + патник или регион)

Синтетизиран преглед на побарувања по купувачи (по разни скали на датуми, пример: 30-60-120-270-360 дена).

Преглед на очекувана (планирана) реализација по купувачи и денови

Паралелен преглед на купувачи / добавувачи (за подготовка на компензации)

Изработка на предлог за компензација, со печатење на соодветниот образец.

Преглед на наплата по купувачи

 

 

Работа со благајна

Евиденција на касови документи

Можност за директно затварање на фактури со уплатите од благајната

Опционо печатење на каса прими / исплати

Автоматско формирање на благајнички извештај

Можност за отварање на повеќе различни благајни (редовна, трошковна, итн.)

Можност за работа на девизни благајни

 

 

Финансово работење

Дефинирање на контен план

Дефинирање на коминтенти (со можност за формирање на повеќе класификации, согласно соодветни критериуми, кои ги дефинира корисникот на апликацијата)

Дефинирање на валути

Внес на налози – главна книга (со истовремено книжење на субаналитичките конта – купувачи, добавувачи, денарски и девизно, за конта кои се дефинирани како девизни од страна на корисникот). Сите налози кои се однесуваат на материјалното работење можат да се добијат со автоматско контирање од магацинските модули.

Преглед на налог

Спецификација на налози

Картички на конта (синтетички, аналитички, субаналитички по коминтенти), денарски, девизни и комбинирани

Бруто Биланс, Заклучен лист, Спецификација на Конта – за зададен период

Можност за самостојно дефинирање на кориснички прегледи базирани на билансот

Автоматска пресметка и книжење на курсни разлики

Автоматско затварање на 4/7 и пренос во нова деловна година

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт