Мерчендајзинг

Мерчендајзинг


Специјализирано софтверско решение за евидентирање на теренските активности на мерчендајзерите. Овозможува лесно собирање на теренски податоци, складирање, структуирање и продуцирање со што се овозможува одлична прегледност како на работата на самите мерчендајзери, така и на пазарната поставеност на нашите и конкурентни брендови и производи.

Како сеопфатно решение, овој софтвер овозможува бројни функционалности со кои се опфатени проблематиките со мерчендајзин работењето.


Дел од функционалностите се:


Евидентирање на секоја посета на малопродажен објект

Дефинирање и избор на цел на посета (пр. проверка на залиха, редење на роба, средување на лица, местење на POS дисплеи, следење на конкуренција итн.)

Дефинирање на рут планови за посета на мерчендајзерите

Внес на задачи/пораки по објект со периодична важност

Скенирање на наши артикли, внес на фејсинг,  цена, позиција на која се наоѓаат

Внес на наш промотивен материјал кој се наоѓа во МПО

Скенирање на конкурентските артикли, внес на фејсинг, цена, позиција на која се наоѓаат

Евидентирање на промотивни активности на конкуренцијата во МПО

Можност за сликање на изложеноста на производите, сликање пред редење и по редење, сликање на секундарните позиции итн.

Внес на прашалници (Предефинирани прашања кој ги пополнува мерчендајзерот)

Внес на дополнителен коментар по завршена посета

Бројни извештаи кои се однесуваат со посетите, застапеноста и позиционираноста на нашите и конкурентските артикли,  преглед на сликите итн.

Можност за GPS следење на мерчендајзерите, евидентирање на точната локација каде е направена посетата



Структуирање на мерчендајзинг активностите преку користење на овој софтвер овозможува бројни придобивки за самата компанија. Се овозможува контрола на застапеноста на нашите производи по МПО и нивна споредба со конкурентските артикли користејќи повеќе филтри (период, бренд, објекти...) како и контрола на застапеноста на конкурентските производи, нивните цени, нивната изложеност.


Како придобивки може да се наведат и можностите за следењето на конкурентските активности (маркетинг миксот на конкуренцијата), следење на фактичката работа преку преглед на слики изработени од мерчендајзерите на терен, зголeмување на ефикасноста во работењето на мерчендајзинг, утврдување на нивната продуктивност и нивна контрола..


Со користењето на ова софтверско решение се решава проблемот со складирањето на теренските податоци со тоа што сега истите, во читлива и обработлива форма се запишуваат на една база од каде може да се експортираат или прикажуваат во одредена форма (извештаи).


Она што е од особена важност, е можноста за навремени реакции на конкурентските акции. Со мерчендајзинг програмот можеме навремено да ги евидентираме активностите на конкуренцијата и соодветно да реагираме на нив, па оттука, користењето на софтверот ја зголемува проактивноста.

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт