WMS (Warehouse Management System)


Ниту еден магацин денес не може да се замисли без WMS како круцијално софтверско решение за оптимизација на процесите во магацинот.

Ова софтверско решение овозможува автоматизација на бројни процеси во магацинот, целосна системска контрола на влезот, излезот и другите интерни операции во магацинот.  Користењето на WMS овозможува и целосна следливост на артиклите по лот број, но и на палетите по ССЦЦ код. Со евидентирањето на роковите се овозможува целосен увид и на роковите па во секој момент може да се види кои артикли на залиха се со критичен рок. 

Поради тоа што системот работи по ФЕФО, во целост се води грижа за минимизирање на трошоците кои произлегуваат поради заостанување на роба во магацинот со истечен рок.

Во однос на испораката, WMS ги оптимизира временските процеси при испорака. Поради тоа што магацинот е конфигуриран со локации, софтверското решение го рутира движењето на операторите во магацинот се со цел да се минимизира празниот од.

Расчленувањето на процесите во магацинот на прием, внатрешен транспорт, виљушкарист, пикер, контрола и експедиција овозможува специјализација на процесите што резултира со оптимален однос на времето и трошоците за манипулирање со процесите во магацинот.

Како важна функционалност е и можноста за преглед на продуктивноста на вработените во магацинот што овозможува во секој момент да се види кој од вработените колку има сработено (спремно различни нарачки, артикли, тежина...).

Со WMS-от се олеснува и процесот на попишување во магацинот. Се овозможува можност за целосен и парцијален попис во секое време, со минимално одземање на време, но истовремено и со точност.

Земајќи ги во предвид сите овие предности кои се овозможуваа, WMS решението со право го има епитетот на најдобро софтверско решение за дистрибутивните компании. Сите овие предности се преточени во драстично намалување на трошоците кои произлегуваат од анулирањето на досегашните недостатоци во функционирањето на магацинот. Користењето на WMS подобрува и бројни индикатори на перформансите на претпријатието во целина.

Контактирајте не

За повеќе информации ве очекуваме во нашите канцеларии
во Охрид и во Скопје.

Контакт